Мени

За Нас

za-nas-cover2

ПЗУ Др. Цекиќ, специјалистичка ординација за уво, нос и грло, работи од Октомври 2007 година. Во ординацијата ординира Др. Николица Цекиќ, специјалист оториноларинголог. Ординацијата е опремена со најсовремена опрема за дијагноза и третман на заболувањата од уво, нос и грло. Во ПЗУ Др. Цекиќ може да ги добиете следните услуги:

  • Ендоскопска дијагностика на болести на уво, нос и грло
  • ЕХО на синуси
  • Испитување на слух
  • Инхалации
  • Тестирање на мирисна функција
  • Лаважа на носните шуплини
  • Аспирација на секрет
  • Зрачна терапија
  • ФЕСС (Функционална ендоскопска синус хирургија)
  • Синусоскопија
  • Алерголошки тестирања
  • Операции со радио фреквентни струи (при хрчење, потешкотии со дишење на нос)
  • ОРЛ операции (крајници, крива носна преграда, полипи во нос, ендоскопски третман на синуси и други операции од областа на уво, нос и грло)

ПЗУ Пинокио, ординација по ошта медицина, работи од Јуни 2000 година. Во ординацијата ординира Др. Кармен Цекиќ Димовска, специјалист педијатар. Ординацијата по општа медицина ПЗУ Пинокио има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. ПЗУ Пинокио е опремена со модерна опрема за потребите за општата медицина и педијатријата. Во ординацијата може да ги добиете следните услуги:

  • Избор на матичен доктор (сини картони)
  • Специјалистички консултативни педијатриски услуги
  • ЕКГ дијагностика
  • Ампуларна и инфузиона терапија
  • Инхалациона терапија
  • Зрачна терапија
  • Аспирација на секрет
  • Домашна посета
  • Сите услуги од примарна здравствена заштита за целото семејство

za-nas-cover2