Мени

Основните елементи на масажата – формула за воспоставување на емотивна врска помеѓу бебето и родителот

Baby_Massage

Масажата на бебињата претставува своевиден процес составен од елементи кои овозможуваат уште од најраната возраст воспоставување на позитивна емотивна врска помеѓу родителот и бебето. Време посветено на масажа на вашето бебе е време кое долгорочно ќе резултира со здрав раст и развој на  бебето.

Основните и најважни елементи на т.н. емотивно позитивната врска со бебето ги вклучуваат контактот со очи, допирот, комуникацијата со бебето, активацијата на хормоните на бебето, регулацијата на температурата на бебето и секако емоциите и  чувствата кои придонесуваат за поврзување на родителот со бебето.

Овие елементи ги содржи масажата на бебе и токму затоа истата треба да биде секогаш на прво место кога станува збор за грижа за здравјето на бебето.

Како овие елементи преку масажата влијаат на психофизичкиот развој на бебето?

Контактот со очи  е една од најмоќните алатки за комуникација со вашето бебе, особено кога зборуваме за возраст од 0 до 1 година. Токму преку контактот со очи се воспоставува и онаа основна врска помеѓу родителот и бебето, која како позитивен ефект ја раѓа довербата на бебето во родителот. Секое прашање, секоја дозвола, секоја основна комуникација во период кога бебето нема развиен говор, всушсност се остварува токму преку контактот со очи.

Допирот е фазата на  воспоставувањето на емотивната позитивна врска помеѓу родителот и бебето. Фаза во која е добиена довербата од страна на бебето за воспоставување на комуникација со допир. Допир кој треба да биде топол и умерен, предизвикувајќи уживање кај бебето и желба за повторување на истиот. Треба да се напомене дека токму преку допирот на телото на бебето се воспоставуваа вистинската блискост која треба да ја има родителот со бебето. Имено, допирот ја поттикнува работата на системите и органите во организмот на бебето. Кожата учи да чувствува допир и топлина, нервниот систем учи да ги пренесува информациите за овие искуства до мозокот, а самиот мозок ги обработува овие информации. Системот за моторика преку допирот го поттикнува рефлексното движење и постепено учи свесно да ги координира рацете и очите кон изворот на звук и допир, а дури и кардиоваскуларниот систем поради возбудата, обработката на информации и движењето на телото почнува да работи подобро и на телото му обезбедува дополнителна количина на кислород.

Говор - иако многумина сметаат дека не постои разговор помеѓу родителот и бебе од 0 до 1 година, сепак стои фактот дека токму гласовното обраќање  кон бебето е разгворот – комуникацијата. Активното зборување кон бебето доколку е позитивно ќе резултира со афирмативно гугање и емотивност помеѓу бебето и родителот. Во тек на масажата примената на песнички, раскажување на приказни е позитивен сигнал, знак дека ќе се случи нешто убаво.

Започнувајќи со контактот со очи и „дозволата“ од самото бебе за да започнете со масажа, допирот при истата, па сè до комуникацијата за време на масажата, се воспоставува онаа емотивно природна позитивна врска која резултира со уживање кај бебето во текот на целиот процес на масажа. По континуирано масирање на вашето бебе блискоста е неизбежен резултат на истото.