Мени

Цицање палец

baby_finger

Што значи цицање на палецот?

Се смета дека една од причините која може да биде и основа што малите бебиња го цицаат палецот е ако доволно не доеле од мајката, со што не ја задоволиле својата потребаза млеко до крај.

Не се раѓаат сите бебиња со подеднакво силен нагон за цицање. Некои бебиња никогаш не цицаат повеќе од 15 минути во едно хранење, а сепак никогаш не го цицаат палецот додека други кои се полакоми и не сакаат да прекинат со хранење и по 20 минути постојано го цицаат палецот.

Ако вашето бебе го цица палецот пред хранење тоа воопшто и не е загрижувачко. Тоа најчесто е знак дека детето е гладно, но ако го цица палецот после оброк или помеѓу обороците тогаш треба нешто да се преземе.
Мора да напоменеме дека за време на избивање на забите, доенчињата почнуваат да ги грицкаат врвовите на прстите, но ова не треба да се меша со цицање на палецот.

Во првите месеци на животот движењата на бебињата не се координирани. Кога првпат ќе забележите дека вашето бебе го цица палецот мора веднаш да реагирате за тоа да не му стане навика. Оние бебиња што се дојат имаат навика многу помалку да го цицаат палецот. Ова е најверојатно последица на реакцијата на мајките кои ги оставаат своите бебиња да цицаат подолго и почесто од вообичаеното, околу 20 минути.

Бебињата кои од различни причини не се на природна исхрана, а се хранат со шишенце, најверојатно ќе почнат да го цицаат палецот во време кога ќе успеат да го испразнат шишенцето, најчесто за 10 минути а како растат и за пократко време.

Заклучок:
Не само од должината на секој оборок туку и бројот т.е. зачестеноста на хранењето во тек на 24 часа одредува дали нагонот на бебето за цицање е задоволен или не. Последица од цицање на палецот најчесто е деформација на забалото и тврдото непце како и деформација на мекото ткиво на палецот.

Кон проблемот цицање палец треба да се пријде внимателно и сериозно. Не е коректно да се премачкуваат прстите на детето со непријатни материи (луто, кисело и сл.), да се завиткува палчето со завој и друго, бидејќи овие постапки само ќе го наведат детето после отстранување на истите повторно да го цица палецот.
Голем е бројот на бебиња кои повремено го цицаат палецот и брзо се одвикнуваат. Повеќе потешкотии задаваат поголемите деца.

Најчеста причина за цицање на палецот е разгаленоста на детето или пак социјалната нерамнотежа и условите за живот, односно децата кои бараат сигурност и утеха.
Оваа навика кај децата се губи помеѓу третата и шестата година од животот. Кон решавање на овој проблем никогаш не треба да се пристапи со агресија, грубости и казнувања. Семејството и околината се тимот кој треба низ игра, добро расположение и бодрење да пристапат кон решавање на овој проблем која мора да оди постепено. Едно од правилата секако е дека треба да го привлече вниманието на детето кон нови предмети и настани.