Мени

Често поставувани прашања

Доколку не пронајдете одговор на Вашето прашање во долунаведените прашања и одговори можете слободно да не контактирате преку нашата контакт форма или преку телефон. Податоците за контакт можете да ги најдете тука.

Дали ординациите работат во договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија?

ПЗУ Пинокио има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ) и работи со сини картони.

ПЗУ Др. Цекиќ не работи со сини картони и прегледите се приватни.

Дали може да одбереме матичен доктор?

Матичен доктор може да се одбере во ПЗУ Пинокио.

Како да се пријавиме за матични пациенти?

Приемот на матични пациенти во ПЗУ Пинокио се врши по претходен разговор со Др. Кармен Цекиќ Димовска.

Дали прегледите треба однапред да се закажат?

Специјалистичките прегледи се прават со претходно закажан термин. За итните случаи нема потреба од претходно закажан термин.

Како може да се закаже преглед?

Прегледите во ПЗУ Др. Цекиќ се закажуваат телефонски во текот на работното време.
Прегледите во ПЗУ Пинокио не треба да се закажуваат.